Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2021
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно го усвоија и Предлог-упатството за измените и дополнувањата на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња.
ДИК со мнозинство гласови одлучиле во вториот изборен круг, да важат и да се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор. На 31-ви се одржува вториот круг од седмите локални избори во земјава.
ДИК во четврток ќе ги дистрибуира гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список за вториот круг од Локалните избори до Општинските изборни комисии, а во петок ќе се доставуваат терминалите за отпечатоци од прсти.