18 Мај, 2024
0.0275

Дали е ова најевтината глобална авиокомпанија?

Објавено во: Свет 18 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во Копенхаген врне снег, додека летот DY7041 на Norwegian Air Shuttle полетува. Во авионот има близу 300 патници, од кои повеќето се Норвежани, Швеѓани и Данци кои чекале со нетрпение да се пробијат низ темнината која ги зафатил нивните земји на крајот на ноември. Тие ќе пристигнат во Флорида побрзо од вообичаеното благодарение на директниот лет од Скандинавија до Форт Лодердејл. Покрај се ќе платат прилично ниска цена: билетите чинат мал дел од оние понудени од поголемите авиопревозник, пишува Businessweek. Главниот извршен директор на Norwegian Air Shuttle Бјорн Ќосето исто така е во авионот за да го прослави полетувањето. Високиот 67-годишен маж со прошарана коса која паѓа над неговата јака, има место во прва класа. Придружуван од свита, вклучувајки го и неговиот син Ларс Ола, кој управува со програмата за лојалност на клиентите; тука е и главниот финансиски директор на компанијата, како и двајца важни инвеститори. Екипажот од Тајланд се врти околу газдата. Ќосето е во прилично високо расположение - се смее многу. "Во денешно време многу Скандинавци ја посетуваат Флорида", вели Ќосето на англиски со силен акцент. "Очигледно овој тренд ќе се интензивира во наредните години", додава тој. Патниците се возат на еден од новите Boeing 787 Dreamliner на норвешката компанија. Ќосето се фали колку малку гориво троши авионот, колку потивко работат моторите, но и колку посвеж е воздухот во него. Norwegian Air Shuttle е четврта по големина нискобуџетна авиокомпанија во Европа. До неодамна таа беше малку позната надвор од Скандинавија. Потоа во 2012 година Ќосето ја направи најголемата нарачка на авиони во историјата на Стариот континент купувајки 222 авиони од типот Boeing и Airbus за 21,5 милијарди долари. Повеќето од нив се Boeing 737 MAX8s и Airbus A320neo, кои ќе бидат испорачани  во 2016 година, а Ќосето ќе ги користи за да го зголеми присуството на превозникот во Европа и да им конкурира на трите водечки нискобуџетни авиокомпании: ирската Ryanair, британската EasyJet и германската Air Berlin. Минатата година Norwegian ги стекна првите два авиони од типот Dreamliner, од кои секој чини 289 милиони долари. Ќосето ги користи за поевтини меѓународни летови до далечни дестинации како Њујорк, Лос Анџелес и Бангкок, натпреваруваајки се со воспоставените компании кои вршат летови меѓу Европа и САД со билет за 180 долари меѓу Њујорк и Осло - 10% од цената за истиот билет на British Airways . Практично Ќосето сака Norwegian да стане глобална верзија на Southwest Airlines. Во минатото и други авиокомпании го користеле овој пристап но не успеале. Ќосето сепак е сигурен дека Norwegian ќе успее, бидејќи располага со Dreamliner и нова група на клиенти: Новата средна класа на Кина и Индија. Тој предвидува дека во следните 10 години, бројот на клиентите на авионските компании ќе се зголеми за 500 милиони луѓе и се надева да ги привлече со ниски цени на билетите. "Во иднина ќе може да се патува до Азија без пари", вели тој. "Мислите дека се шегувам. Почекајте и ќе видите". Иако и непознат надвор авионската индустрија, Ќосето е славен во својата родна земја. Тој е норвешкиот Ричард Бренсон. Во почетокот на 2000-тите години Ќосето објави евтини летови до регион, кој долго време беше доминирана од SAS. Тогаш SAS, која е контролирана од страна на владите на Норвешка, Шведска и Данска, нудеше едни од највисоките цени на билети во Европа. "Тој го промени животот на многу, многу Скандинавци", тврди аналитичарот од First Securities ASA Ханс Ерик Јакобсен. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата