Ќе успее ли Мицкоски да си ја задржи фотелјата?
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018
Очите на јавноста вперени во опозициската партија. Што ќе се случува во ВМРО ДПМНЕ и дали лидерот ќе успее да си ја задржи разнишаната фотелја останува да видиме овие денови откако неколкумина пратеници го извисија и во петокот го дадоа својот глас како поддршка за уставни измени.
Неофицијално дел од информациите велат дека се подготвува и конгрес на која Мицкоски ќе биде сменет.
Но што велат експертите на ова прашање.
Познавачите кои ги консултираше Фактор не ја исклчуваат можноста што претходно ја најави и премиерот Зоран Заев, дека во следните фази од носењето на уставните измени и други пратеници на партијата ќе се приклучат кон мнозинството.
Што вели Благој Зашов, дипломат, поранешен амбасадор и потпретседател на Собранието за оваа тема прочитајте тука ...Ја разнишаа ли пратениците фотелјата на Мицкоски?