18 Мај, 2024
0.0462

ЌЕ СТАНАТ ЛИ РЕВИЗОРИТЕ „ПОВИДЛИВИ“ – Се крчка нов Закон за државна ревизија

Објавено во: Македонија 18 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Зголемена транспарентност, подобро следење на резултатите од ревизиите, како и поголема финансиска независност за државните ревизори. Ова се дел од целите кои треба да се постигнат со новиот Закон за државна ревизија. Со него, како што нагласуваат предлагачите, се цели кон дополнително усогласување и подобрување на функцијата на надворешната ревизија во јавниот сектор, како и воспоставување редовен и ефикасен механизам за разгледување на конечните ревизорски извештаи од страна на Собранието следејќи ја најдобрата пракса од областа кај земјите во Европската унија.

Новиот Нацрт законот за државната ревизија изработен од Министерството за финансии треба да ја издигне институционално организациската поставеност на Државниот завод за ревизија на ниво на Врховна ревизорска институција. Истовремено се цели и кон независност на Државниот завод за ревизија во однос на раководење на институцијата, како и пропишување на постапката за избор на  главен државен ревизор и заменик главен државен  ревизор пред Собранието.

Меѓу одредбите во новиот закон се тежнее и кон објективност при вршење на државната ревизија врз основа на неограничен пристап до информации преку обезбедена целосна и потполна финансиска и сметководствена документација.

- Максимална транспарентност во известувањето преку доставување на конечните ревизорските извештаи до Собранието и до органите надлежни за надзор на работењето на правното лице кое е субјект на ревизија. Подобрување на системот за следење на имплементацијата на дадените препораки преку зголемување на публицитетот и транспарентноста на резултатите од ревизијата во однос на спроведувањето, односно неспроведувањето на дадените препораки и доставување на извештаите за преземените мерки по однос на препораките до Собранието и отстранување на влијанието на другите државни органи и институции од јавниот сектор врз работењето на Државниот завод за ревизија  со обезбедување финансиска и организациска независност - се истакнува во предлогот.

Предложените законски решенија се во насока на обезбедување на поголема финансиска и оперативна независност на Државниот завод за ревизија, преземање мерки по однос на препораките дадени од овластениот државен ревизор, како и разгледување на конечните ревизорски извештаи од страна на Собранието на Македонија.

- Согласно Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2022 година, во рамки на Поглавјето 32 - Финансиска контрола, констатирано е дека, Законот за државната ревизија во голема мера е усогласен со стандардите на Меѓународната организација на Врховни ревизорски институции (ИНТОСАИ), но потребно е дополнително усогласување на правната рамка со ИНТОСАИ-П1 Декларацијата од Лима и  ИНТОСАИ-П10 Декларацијата од Мексико  за независноста на Врховните ревизорски институции во насока на подобрување на функцијата на надворешната ревизија во јавниот сектор, како и зголемување на финансиската и оперативната независност на Државниот завод за ревизија – се истакнува на веб платформата ЕНЕР, каде веќе е поставен нацрт законот и каде можат да се видат одредбите, или пак да се посочат  нови решенија за одредени аспекти од законот.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“