ЌЕ СЕ НАБАВАТ ДВЕ ТЕРМАЛНИ КАМЕРИ: Се преземаат мерки за заштита од коронавирусот
Објавено во: Македонија 03 Март, 2020
Владата денеска на 13-та седница ја разгледа и усвои Информација за потребата за набавка на две термални камери, опрема за ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, и лична заштитна опрема за Министерството за здравство и останатите институции вклучени во активностите во врска со Корона Вирусот COVID-19, и го задолжи Министерството за здравство да ја спроведе набавката.
На денешната седница на предлог на Министерот за здравство Владата на Република Северна Македонија го задолжи Министерството за образование и наука да изготви план за дистрибуција на алкохолен дезинфициенс со широк спектар на микробиоцидно дејство до основните и средните училишта.