ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Оваа земја има 8000 џамии
Објавено во: Свет 03 Мај, 2017
Знаете ли во која европска држава има 8.000 џамии? Ако претпоставите дека тоа е Русија, сте погодиле.
Според руската пропаганда во Европа треба да се плашиме од 3,8% муслимани од населението. А, знаете ли во која европска земја денес живеат 16 милиони муслимани при 140 милиони население? Не, не е во Франција со нејзините 5 милиони или во Германија со нејзините 4 милиони и не е во Велика Британија со нејзините 3 милиони муслимани.
Дали знаете во кој европски град живеат близу 2 милиони муслимани? Не, тоа не е Париз со неговите 1,5 милиони муслимани и не е Лондон со еден милион, пишува Јурај Месик во словачкиот весник SME.
Градот со најмногубројно муслиманско население во Европа е Москва. Ова е факт, ако не го сметаме Истанбул за европски град, а Турција - за европска земја.