02 Мај, 2024
0.0252

Ќе остане ли во мрак Град Скопје? Шилегов има милионски договор за набавка на струја од „У Повер“!

Објавено во: Економија 24 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Освен Град Скопје оваа фирма има активни договори од вредност од еден милион евра и со Царинска Управа и со МЕПСО

Дали Град Скопје ќе има редовно и навремено снабдување со електрична енергија? Ова прашање логично се поставува откако Марко Бислимоски, претстедателот на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека може да биде одземена лиценцата на „У Повер“ компанија за снабдување со струја која доби на тендер договор да го снабдува Град Скопје за цена од 1,1 милиони евра (повеќе детали од тендерот се достапни на следниот линк.

Договорот меѓу Град Скопје е склучен во првата половина на мај година. Вредноста на договорот е 1,1 милиони евра.

Договор за снабдување со оваа компанија има и МЕПСО и тоа за снабдување на сопствените потреби (дирекција и трафостаници), а договорот е вреден речиси половина милион евра. Договорот е на сила од втората половина на јануари оваа година.

Со оваа компанија договор лани во ноември склучила и Царинската управа. Вредноста е слична како и кај МЕПСО, цирка половина милион евра.

„У Повер“ ДОО Скопје, според пишувања на некои медиуми, е сопственост на Арианит Џафери, синот на Муса Џафери, поранешен вицепремиер од ДУИ и на Фитим Ибрахими син на сопственикот на градежната фирма АК Инвест.

Повеќе на темата за новата струјна криза на следниот линк.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?