ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР: Српска активистка го гаѓала муралот на Ратко Младиќ
Објавено во: Балкан 14 Март, 2024
Во Србија, активистката Аида Чоровиќ доби повик да оди во затвор бидејќи го гаѓаше со јајца муралот на Ратко Младиќ.
Таа добила покана да се пријави на издржување затворска казна, откако не платила парична казна за гаѓање на муралот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.
Чоровиќ за ТВ Н1 изјави дека поканата ја добила изутринава и дека за осум дена треба да се јави во затворот „Падинска скела“ на издржување затворска казна од два месеци.
Лани, активистката беше законски осудена на парична казна од 100.000 динари за нарушување на јавниот ред и мир кога фрлаше јајца врз муралот на Ратко Младиќ во Врачар во ноември 2021 година.
Чоровиќ кажа дека до сега не ја платила казната затоа што не сака и не мисли дека е виновна, туку дека ги бранела законите на Србија бидејќи Ратко Младиќ е осуден воен злосторник. Таа рече дека нема да плати одредена сума и дека е подготвена да оди во затвор, и сега повторува дека не бега од одговорност.
Дел од паричната казна од 60.000 динари е преиначен во два месеци затвор, а останатите 40.000 динари мора да ги плати или ќе следи конфискување на имотот.
Воениот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ е осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото, кршење на законите или воените обичаи за време на војната во БиХ во периодот 1992-1995 година.