ЌЕ ЈА ФИНАНСИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД „ВРЕДИ“: Почнува со реализација Албанската академија на науки
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024 15:15
Oд „Вреди“ велат дека основањето на Албанската академија на науки е при крај.
Неа ќе ја финансираат општините чии градоначалници се од редовите на коалицијата „Вреди“. Градоначалниците на коалицијата заедно со претседателите на општинските совети и академици денеска во Тетово одржаа работна средба на тема годишно финансирање на проекти од суштинско значење за унапредување на интелектуалната и научната мисла на Албанците. Поводот за денешната средба, како што е наведено во партиското соопштение, е динамизирање на реализацијата на научниот проект за формирање на Албанската академија на науките и уметностите.
„Неопходноста за создавање на Албанската академија е инертноста на МАНУ за реформи кои треба да ја одразуваат фактичката состојба, а не се случуваат веќе 57 години. Овој исклучиво научен проект на „Вреди“ нема за цел да предизвикува етнички тензии ниту паралелизам во државната образовна номенклатура, туку да изградиме уште една научна установа која ќе ја обедини автентичната албанска мисла во заеднички и рамномерен општествен развој. Овој проект ја рефлектира нашата визија за зајакнување на националниот идентитет на Албанците во најстратешките области – науката и уметноста. Академијата, со седиште во Тетово, ќе создаде нови можности за албанските истражувачи и уметници да придонесуваат со квалитетни истражувања и да го зачуваат нашето културно наследство. Убедени сме дека оваа иницијатива ќе биде поттик за квалитетно образование и развој на една силна интелектуална заедница“, се вели во соопштението. Првите чекори за финансирање на Академијата веќе се преземени со помош на општините со кои раководат кадри на „Вреди“. „Силно веруваме дека Албанската академија за наука и уметност ќе одигра клучна улога во зајакнувањето на нашиот национален идентитет и во зголемувањето на нашиот меѓународен придонес во областа на науката и уметноста. Како коалиција Вреди, покажавме дека сме тука за да донесеме реални промени и реформи. Преку овој проект, не создаваме само нова институција, туку и нова иднина за сите млади интелектуалци Албанци. Нашата посветеност како коалиција Вреди е максимална, и заедно ќе го туркаме овој проект напред со сериозноста што ја заслужува. Ова е важен чекор кон иднина каде науката, уметноста и слободната мисла ќе бидат столбови на нашиот национален развој“, соопшти Вреди.
Неодамна, Билал Касами од БЕСА кажа дека и парите во земјава ќе бидат двојазични.
И од Левица реагираа дека во ниту една унитарна држава нема две академии на науки.Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




