18 Мај, 2024
0.0265

Ќе излезе ли на крај директорот на РЕК со битолските капиталисти?

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Поништениот тендер за услуги од помошна механизација во РЕК Битола на кој беа отфрлени понуди на „петте сестри“ – битолски фирми кои имаат механизација за ископ и транспорт, го стави РЕК Битола во ситуација да оди на единствена законски можна варијанта – директно преговарање без објава на тендер. И тогаш од девет поканети компании понуди дале само две. И двете компании чии понуди на тендерот биле отфрлени сега добиле договори во вкупна вредност од 3,7 милиони евра без ДДВ. Денеска ќе бидат отворени понудите од тендерот за ангажман на: камион дампер, булдожер, автодигалка и утоварна лопата. Што ако пропадне и овој тендер? Има ли картел во битолскиот еснаф во третманот на РЕК Битола?

Битолските компании „Марковски компани“ и „СБ Инвест“ кои располагаат со механизација за ископ и транспорт  склучија договори во постапка за преговорање без објава на оглас со РЕК Битола откако беше поништен тендерот на кој беа отфрлени понудите на пет понудувачи меѓу кои се и тие две компании. 

Тендерот „Ангажирање на помошна механизација за потребите на рударска оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола“ беше распишан во јуни, а отворен на 27 јули. Постапката беше спроведена како деллива набавка, односно се состоеше од шест делови ангажмани на машини т.е. механизација : камион дампер, телескопски чистач на транспортни ленти, булдожер, автодигалка, утоварна лопата и камион со нисконосечка платформа. Проценетата вредност на договорт за јавна набавка изнесуваше 355 милиони денари. Комисијата одбила понуди на пет компании: „Марковски компани“ ДООЕЛ Битола, „Рубитон“ ДООЕЛ Битола, „СВ Инвест“ ДООЕЛ Битола, „Дигер“ ДООЕЛ Битола и „Зимак Стретен“ ДООЕЛ с. Братиндол, Битола. Понудите биле оценети како неприфатливи. При тоа биле склучени договори за деловите од тендерот 2 и 6 со „СВ Инвест“ и со „Рудкоп Битола“, а набавките за ставките 1,3,4 и 5 постапката била поништена, известуваат од прес службата на РЕК Битола.

Веднаш потоа РЕК Битола го поништила тендерот за ставките 1,3,4 и 5 на 17 август. По 50 дена, на 6 октомври РЕК Битола го распиша новиот оглас за доделување на договор за јавна набавка чиј предмет е ангажирање на помошна механизација за потребите на рударска оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола. Отварањето на понудите е закажано за 23 ноември 2018 година, односно денеска. Во меѓувреме РЕК Битола одлучил со постапка за преговарање без објава на тендер да склучи договори за претходно поништените услуги кои се однесуваат на ангажман на: камион дампер, булдожер, автодигалка и утоварна лопата. РЕК Битола пратила покани до 9 компании да достават понуди за ангажман на четири типа машини. Од нив доставиле понуди само 2 компании. Другите седум воопшто не се одзвале на поканата, пишува во одговорот на прес службата на РЕК Битола. РЕК Битола дошла во во ситуација да мора да склучи договори со „Марковски компани“ и со „СВ Инвест“, компаниите кои претходно беа дел од поништените понуди на летниот тендер.

Вредноста на двата договори, потпишани на 15 октомври, е вкупно 3,7 милиони евра без ДДВ, двете компании имаат идентично вредни договори, „Марковски компани“ ги добил ставките за ангажман на камиони дампери со носивост поголема од 35 тони и булдожер со моќност поголема од 350 kW. „СВ Инвест“ ги добил ставките за ангажман на машините телескопски чистач на транспортни ленти од најмалку 100 kW – гасеничар  и автодигалка од 13тони до 25тони. Од прес службата информираат дека до изборот на најповолни понуди од тендерот што се отвара денеска ќе важат договорите потпишани по пат на преговарање, без претходно објавување на оглас.

Образложенијата на РЕК Битола зошто била неопходна набавка со директно преговарање без објава на тендер се достапни на следниве линкови https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/94090919-9f19-450d-aed3-231b21e7100c  и https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/94090919-9f19-450d-aed3-231b21e7100c.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа