ЌЕ ИСПЛИВААТ ЛИ НОВИ ДЕТАЛИ: Пријателката на Боки 13 денес сведок во „Рекет“
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020
Лила Филиповска од секогаш важела за блиска пријателка на шоуменот Бојан Јовановски кој во моментов е во притвор поради случајот „Рекет“.
Токму Лила денеска е меѓу повиканите четворица сведоци кои денес треба да се појават во суд.
Ќе сведочат и Сања Димовска, Весна Костовска и Агапи Дика.
Вчерашниот ден во судот помина релативно мирно. Сведочеше обвинителот Бурим Рустеми а ден претходно со испади на Катица Јанева сведочеше Лиле Стефанова.
Дали ќе излезат нови детали по денешните сведочење останува да почекаме.