28 Април, 2024
0.0260

Ќе имаме ли рекордна година за капитални инвестиции?

Објавено во: Финансии 03 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Заев по работната средба со министерот за финансии Драган Тевдовски е оптимистички уверен дека во 2018 ќе имаме рекордна година за капиталните трошоци од државниот буџет за значајни инфраструктурни проекти кои ќе ја раздвижат економијата. 


Премиерот и првиот финансиер оптимизмот го темелат врз статистиките за реализација на капиталните расходи во 2017 која според нив досега и во услови на криза била доста успешна бидејќи се реализирале 19,8 милијарди денари капитални инвестиции или околу 322 милиони евра. Од нив 12,1 милијарди денари се резултат на работењето од новата влада која функционира од почетокот на јуни годинава.

„Она што сакам да го издвојам е дека крајот на годината покажа најголема стапка на реализација на капиталните инвестиции. Вкупната реализација на овие инвестиции во 2017 година изнесува 83,6 проценти ор проектираното. Ова претставува најголема реализација на капиталните инвестиции од 2013 година. Тоа дава сериозен  сигнал за перформансите за реализација на јавната администрација. Знаат граѓаните дека новата влада плаќаше пред сè долгови, но сепак завршени се исплатите на поголеми инфраструктурни проекти како автопатот Смокквица-Гевгелија. Дел од исплатените проекти се на иницијатива на новата влада. Сето ова, да повторам уште еднаш зборува за потенцијалите во перформансите на јавната администрација дека во 2018 година можеме да негуваме оптимизам дека ќе биде реализиран огромен процент на капиталните инвестиции, од огромно значење за севкупниот економски раст на државата“, рече премиерот Заев. 

Сепак, тоа што не беше најмногу коментирано е што вкупно предвидените капитални трошоци за инвестиции во инфраструктура и други видови на квалитетни проекти годинава со буџетот за 2017 изнесуваа 23,4 милијарди денари, но тоа што беше планирано да се реализира пропадна поради ребалансите на трошоците беше скратено до 19,8 милијарди денари. 

Капитални трошоци (милијарди ден.) / % од вкупни расходи

За идната година проекцијата на капиталните расходи е поставена на 24,64 милијарди денари односно 399,3 милиони евра. Тоа е 1,25 милијарди денари повеќе од годинава (20 милиони евра) односно за 5 отсто поамбициозно од оваа година. 

„Испланираниот буџет за 2018 година обезбедува и услови за реално раздвижување на економијата преку повисоки капитални инвестиции и сериозна државна поддршка за нови инвестиции, зголемување на конкурентноста и раст на извозот. Ќе целиме кон што поголема реализација на капиталните инвестиции како важен сегмент за планираниот раст на економијата за наредната 2018-та година“ посочи премиерот Заев во една пригода при оценување на предлог буџетот на Владата на РМ.

Исто така постојано се говори дека во 2018 година же има повеќе пари за капитални инвестиции, дека интензивно ќе се работи на инвестиции во патната и железничката, комуналната и енергетската инфраструктура, а планирани се нови инвестиции во здравството, образованието и детската заштита, како и зголемени средствата за инвестиции во гасификацијата и одбраната со покачување на платите на припадниците на АРМ како и трошоците за НАТО интеграцијата.

Премиерот Заев и владини претставници исто така претходно ветуваа дека приходите од зголемената акција за дизел исклучиво ќе се користат за капитални проекти во повеќе области од образование до здравство со цел да не се зголемува јавниот долг.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување