ЌЕ ИМА СПЕЦИЈАЛНИ КАНТИ ЗА ФРЛАЊЕ НА МАСКИТЕ И РАКАВИЦИТЕ - од денеска нема оправдување да бидат на улица
Објавено во: Македонија 12 Август, 2020
Дури 75 специјални канти за одлагање на заштитни маски и ракавици со цел да се спречи ширењето на вирусот, од денеска ќе бидат поставени на територијата на Македонија.
Ова го најавуваат од невладиниот сектор, односно од центарот за еколошка демократија Флорозон.
Околу 30 канти за оваа намена ќе има на улиците во Скопје. Од граѓанското здружение велат дека сакаат директно да влијаат на потикнување на општествената одговорност.
Одлагањето на заштитните маски и ракавици во Скопје, ќе го спроведува ЈП Комунална Хигиена, од каде апелираат отпадот да биде уредно спакуван и да се фрла само во кантите кои се специјализирани за оваа намена.
Граѓанското здружение потпиша меморандум за соработка и со јавните комунални претпријатија во Куманово, Охрид, Кичево и Струга.