19 Мај, 2024
0.2898

Ќе има отпор за вакцинирање или голем интерес: Има граѓани кои не треба да се вакцинираат

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Вакцината нема да биде задолжителна во повеќето земји, но властите очекуваат да има голем интерес за вакцинирање со огелд на тоа што пандемијата на коронавирусот беше значителна, погоди милиони низ светот, починаа многу луѓе. Министерот Венко Филипче не дава оценки за интересот за вакцинација во земјава. Досега редовната вакцинација се исполнува со висок процент, додека вакцинирањето за сезонски грип секоја година се применува за поранливите категории граѓани пред се за постарите лица и тие со хронични болести. Вчера Филипче соопшти дека почнале интензивни подготовки за да има ефикасен процес на вакцинација. И кај нас вакцината ќе биде незадолжителна и ќе е бесплатна. 833.000 вакцини веќе се обезбедени, најави министерот и рече дека овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција. 

„Веќе доставивме барања за директни договори до две светски компании за нивните вакцини и после нивните иницијални одговори ги чекаме и дефинитивните потврди дека ќе можеме да набавиме директно од компаниите“, вели министерот. 

На почетокот на јануари ќе стигнат фрижидерите во кои на минус 70 степени ќе се чуваат вакцините. 

Засега приоритет за вакцинирање ќе имаат здравствените работници кои работат во ковид центрите, оние кои земаат брисеви, хронично болните, повозрасните граѓани. 

Д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство вели дека и оваа вакцина како и секоја друга се дава на здрави луѓе, па и на тие кои го прележале вирусот но само доколку се во добра состојба. Ако имаат последици од вирусот тогаш нема да се вакцинираат. Вчера Британија соопшти дека вакцината на Фејзер не треба да се дава на трудници или жени кои планираат да забременат.

Од хронично болните ќе се прави приоретизација во зависност од нивната здравствена состојба, најчесто кардиоваскуларните, респираторните и малигните заболувања, а еден од параметрите ќе биде и возраста кај пациентите, односно приоритет ќе се даде на повозрасната група пациенти. Во моментов децата со оваа категорија на вакцини не се опфатени.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места