19 Мај, 2024
0.0265

Ќе ги гони ли кривично „Скопски пазар“ своите директори?

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

„Современ дом“ како најголем поединечен акционер предлага „Скопски пазар“ да донесе одлука со која ќе се приклучи кон прогон на актуелни  и поранешни членови на Управниот одбор и надзорниот одбор и на предјавување н имотноправно барање во кривична постапка

Најголемиот поединечен акционер во „Скопски пазар“, прилепската фирма „Современ дом“ бара „Скопски пазар“ да се приклучи кон кривично гонење на претседателот и на членови на Управниот одбор на компанијата. Ова е предлог одлука за претстојнот акционерско собрание закажано за 11 јуни годинава. За оваа предлог одлука „Современ дом“ предлага „Скопски пазар“ да се приклучи кон прогонот на претседателот на управниот одбор С.Д., членот на Управниот одбор Т.Д. и С.Р. , како и против претседателот на Надзорниот одбор П.М. Воедно со предлогот за приклучување се предлага и кривично гонење на двајца акционери на „Скопски пазар“ Т.Д. и Ј.Ј. кој порано бил член на Управниот одбор.

Во даденото образложение кон предлог-одлуката пишува дека постои основа за сомневање дека сториле продолжено кривично дело злоупотеба на службена положба и овластувања

Основното јавно обвинителство лани во јануари подигнало обвинителен акт пред Основниот суд 1 во Скопје против акционери во „Скопски пазар“ делод кои се и актуелни членови на органите на надзор и на управување со друштвото. Според, неофицијални информации, деновиве Основниот суд го прифатил обвинителниот акт што значи дека, ако е така, ќе биде започнат судски процес.

Токму од тие причини најголемиот поединечен акционер „Современ дом“ предлага и „Скопски пазар“ да се приклучи кон кривичното гонење како оштетена страна и да бара надоместок на штета односно одземање на противправна имотна корист стекната како последица на нивните дејства. Повеќе детали може да се најдат на следниот линк на официјалната интернет страница на „Скопски пазар“. 

„Современ дом“ воедно предлага и мнозинството од членовите на управниот одбор при вклучувањето на точката на дневен ред на собранието да не можат да гласаат членовите на управниот одбор туку акционерското собрание. Тука овој акционер се повикува на член 399 став 1 од Законот за трговски друштва барајќи за оваа точка да не можат да гласаат засегнатите акционери С.Д., Т.Д, Т.Д, Б.С., С.Р. и П.М кои заедно поседуваат повеќе од 25 отсто од гласовите на акционерското собрание.

Каков ќе биде исходот од овие предлози останува да се види на акционерското собрание закажано за 11 јуни годинава односно идниот понеделник. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа