18 Мај, 2024
0.0285

ЌЕ ГИ „ЧЕПНЕ“ ЛИ НЕКОЈ АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ - владејачката партија најави намалување за 20 отсто

Објавено во: Македонија 06 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе има ли намалување на администрацијата после изборите на 12 април.

Сега владејачката партија, СДСМ, во својата програма за следниот период од четири години ќе најави и намалување на бројот на административни работници. Или, дека администрацијата ќе треба да се скрати за 20 отсто. 

Лидерот на СДСМ тоа го најави на својата вчерашна прес конференција. Како стартни кои би се нашле на листата што треба да си заминат би биле оние вработени буџетари кои си имаат свои сопствени фирми. Вториот модел, пак, би бил преку исплата на отпрменини на вработените кои од државните јасли, ќе сакаат да заминат во приватниот сектор. 

„Едниот дел е што ќе им се заблагодариме на оние што имаат приватни фирми. Ќе им се заблогодариме, ќе им речеме, дечки, имате приватна фирма, работите успешно во таа фирма, менаџери сте, ве молам ослободете го тоа работно место. Сите оние кои ќе склучат договор за работа во приватниот сектор, и тоа договор за трајно вработување таму, ќе добијат шест отпремнини. Шсет бруто плати, за да ги стимулираме. Кога гледаат дека 25 илјади денари е платата, наспроти 17 илјади денари, нека одат да ја земаат, плус шест отпремнини. За да можеме да го намалиме бројот на администрацијата“, рече Заев. 

Она што се најавува, е дека овој модел би се спроведувал во консултации со синдикатот.

Ова како на нож да го дочекаа од опозицијата. Според нив, ова е уште едно лажно ветување. Според ВМРО-ДПМНЕ, ветување за намалување на администрацијата имало и во претходната програма на СДСМ, но тоа не само што не се оствари, туку и расте бројот на административците. 

„Заев имаше три години да ја скрати администрацијта како што ветуваше и пред четири години, но за три години бројкта на нововработени во државната администрација достигна можеби и до 40.000, што се официјални податоци од Министерството за информатичко општество и администрација“, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Може ли од оваа изјава да се заклучи дека и опозицијата се согласува дека треба да се намалува бројот на администарцијата?

Инаку, се досега, за државната администрација важеше впечатокот дека таа е гломазна и неефикасна, па ќе се види во наредниот период што конкретно ќе понудат партиите за нејзино рационализирање.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“