14 Декември, 2025
0.3337

Кирил Петков изнесе став како треба понатаму да се развиваат македонско - бугарските односи

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023 18:49

Добивај вести на Viber

Време е Софија и Скопје да се вратат на попозитивни работи, вели поранешниот бугарски премиер Кирил Петков. 

Кажа дека мора да се отворат темите за инфраструктурата и економијата.

Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи“, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).

Вели дека Македонија треба да знае дека условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата.

„Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата Влада, успеавме Европа да застане на наша страна“, додаде Петков.

Вчера на граничниот премин Деве Баир имаше инцидент. 

Еден од протераните бугарски граѓани, кој инаку е пратеник, вели дека Бугарија треба да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ со враќање на ветото. 

Од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир.

Ќе испратат писмо до ЕП за навредите на бугарскиот европратеник Александар Јорданов, кој Македонците ги нарече „црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина