18 Мај, 2024
0.0267

Кирил Миноски: од прв човек на пазарната инспекција, преку УЈП, до наследник на Ставрески!

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Кирил Миноски, е роден на 20 октомври 1971 година. Тој е магистер по економија и кандидат за доктор на науки - на тема Флексибилност на пазарот на трудот. Го наследува жешкото министерско столче во ресорот финансии. Доаѓа на местото на Зоран Ставрески. Во јавноста, се штури информациите за Кирил Миноски. Неекспониран претерано, веројатно поради фактот што Ставрески десет години царуваше со секторот финансии.  Од директор на Државниот пазарен иснпекторат преку УЈП до министер за финансии Кирил Миноски на јавноста и стана познат откако беше назначен за директор на Државниот пазарен инспекторат, каде останува околу година и пол (од мај 2014 до ноември 2015). Од пазарната иснпекција, Миновски преминува на челната позиција во Управата за јавни приходи, наследувајќи го Горан Трајковски. Во УЈП, Миноски останува нецела година. Искуство во областа на финансиите Кирил Миноски, има 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување. Пред искуството во државните институции, Миноски бил ангажиран како менаџер на компоненeнти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор. Управител на одделението за извоз во Орка Холдинг Кирил Миноски, своевремено бил консултант во Светска банка во периодот 2007-2008 година, каде работеше и неговиот претходник Ставревски, откако ја напушти Народната банка. Во периодот од 1997 до 1999 година, тој работел и како управител на одделението за извоз во Орка Холдинг, конпанија во сопственост на бизнисменот Орце Камчев, кој сам не ја крие блискоста со поранешниот шеф на тајната полиција и прв братучед на екс-премиерот Груевски, Сашо Мијалков. Миноски го презема ресорот финансии во најтешките економски времиња Кирил Миноски го наследува Зоран Ставрески во најчуствителните политичко - економски прилики во земјава. Земјава, преку финасии континуирано се задолжува на домашниот пазар, но и на меѓународниот..Последната најава за нови задолжувања ја даде лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој навести дека Владата ќе се задолжува со еврообврзница, но сеуште не е позната сумата и деталите. Груевски изјави дека при ланското задолжување, СДСМ ја блокирала еврообврзницата од 500 милиони евра. Со оглед на тоа што тогаш владата позајми 270 милиони евра, според очекувањата сега вредноста на задолжувањето веројатно би изнесувала 230 милиони евра. М.И.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа