03 Мај, 2024
0.1715

Кипар му го одзеде државјанството на сирискиот милијардер Рами Махлуф

Објавено во: Стил 01 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Милијардеротот Рами Махлуф, роднина на сирискиот претседател Башар ал Асад го изгуби кипарското државјанство поради сомневање од страна на Европската унија дека Махлуф ја финансира сириската Влада.М Тој имаше кипарско државјанство од јануари 2011 година, а подоцна добија државјанство му беше доделено и на неговото најблиско семејство. „ Постојат причини од јавен интерес за оваа одлука“, изјави портпаролот на кипарската Влада, Кристос Стилијанидес. Махлуф пред кризата во Сирија инвестираше во банки, во мрежите за мобилна телефонија и недвижности, а својот бизнис го опишуваше како легален. Тој е под санкции од САД од 2008 година поради корупција. Махлуф барањето за кипарско државјанство го поднесе во 2009 година, а во документите наведе дека поседува недвижен имот на Кипар во вредност од 320.000 евра и 17,3 милиони евра во петгодишните орочени депозити во кипарските банки. Тој се смета дека е дел од најтесниот круг на сирискиот претседател и еден од највлијателните луѓе во Сирија.