Кинез „здиплил“ 300 илјади долари од македонска фирма со лажен мејл
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2017
Кинески државјанин против кого МВР поднесе кривична пријава успеал да упадне во комуникација меѓу фирма од Македонија и фирма од Хонг Конг. Тој изработил лажна адреса и на македонската фирма Зора ДОО Охрид и испратил фактура со износ од околу 300.000 евра која потоа била платена.
Од МВР велат дека наведеното дејствие, пријавениот го сторил со цел да се стекне со против правна имотна корист за горе наведениот износ и да го оштети правното лице Зора ДОО Охрид и неговиот добавувач од Хонг Конг „Teuaccele Telecom Technology Co. Limited“. Ј.Х.Р. од Кина е пријавен за неовластено навлегување во компјутерски систем.