15 Мај, 2024
0.0270

Кинез уништи Масерати од половина милион долари, бил лут на дилерот

Објавено во: Стил 15 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Кинез го уништи своето „Maserati Quattroporte“ вредно 423 илјади долари. Тој протестирал против лошите услуги на „Maserati China“ - дилер на брендот за Кина. Според него, тие му го поправиле автомобилот, користејќи стари делови и прескапо му наплатиле за оваа услуга. Мажот ангажирал три лица кои со огромни чекани го хаварисале автомобилот пред влезот на авто салон во Кина. Сопственикот тврди дека неговите права како корисник се прекршени и има побарувања кон „Maserati China“, како и кон осигурителната компанија.