17 Мај, 2024
0.0271

Кинеските банки бегаат од Лондон

Објавено во: Свет, Финансии 30 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Најголемите кинески државни банки преместуваат голем дел од европскиот бизнис во Луксембург, бидејќи се обидуваат да избегнат заострените регулативи во Велика Британија, пишува „Financial times“. Неодамна од кинеските банки било испратено и писмо до британското Министерство за финансии во кое се жалат на прекумерно строгите барања за ликвидност, кои ги принудуваат да го пренесат својот менаџмент надвор од Лондон. „За нас станува се потешко да работиме во Велика Британија, посебно ако се земат во предвид се построгите законски регулативи", пишува во писмото испратено од страна на Здружението на странски банки, а во име на кинеските институции. Релокацијата на банките нанесува сериозен удар на намерите на Владата која сака Лондон да стане главен центар за кинеските финансиски институции. На самиот почеток на финансиската криза, големите државни банки како „Industrial and Commercial Bank of China“(ICBC), „China Construction Bank“ и „Agricultural Bank of China“ беа отворени во Лондон. Во своето писмо до Министерството, кинеските банки истакнуваат дека во канцелариите во Луксембург веќе поминуваат три пати повеќе трансакции, отколку во Лондон. Се повеќе банки од Кина планираат да го следат овој пример и да се ориентираат кон Луксембург, кој е познат по добрите закони во областа на финансиите.  

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра