Кинескиот гигант тоне, ја изгуби „војната“ со американскиот ривал
Објавено во: Финансии 05 Јули, 2017
Кинескиот мултинационален технолошки конгломерат L'Eko (LeEco) потврди дека му е замрзнат имотот во спорот со доверителите.
Тие укажале дека компанијата се наоѓа во многу ризичка финансиска ситуација.
Кинескиот финансиски магазин во понеделникот објави дека судот во Шангај наредил замрзнување на средствата на L'Eko, неговите ограноци, како и имотот на основачот на фирмата, милијардерот Џи Јуетинг, и неговата сопруга , кој вкупно се проценува на близу 182 милиони долари.
Одлуката на судот е одговор на судската постапка која против компанијата ја покрена Кинеската трговска банка (China Merćants Bank) поради неплатени кредити на огранокот на L'Eko за паметни телефони, Левајв Мобајл (Leviev Mobile).
Џи го основал L'Eko во 2004 година под името Летв, како компанија за нудење услуги за онлајн видео стриминг, а оттогаш го проширил бизнисот на разновидни индустрии-од самоупраувачки автомобили, музичка и филмска продукција, телекомуникација, до закуп на права на емитување на спортски настани, што довело до финансиска криза.
Како пренесува Кинеското радио интернационал, една од најголемите цели на таа компанија била да го надмине американскиот произведувач на електрични возила Тесла.