КИНЕСКИ ШАМАР ЗА БАЈДЕН: Испратил висока делегација во Тајван, кинеската флота го обиколила островот
Објавено во: Свет 14 Април, 2021
Само неколку часа пред денешното пристигнување на поранешните високи функционери на американската администрација во Тајпеј, чија посета треба да испрати порака од американскиот претседател Џо Бајден дека е посветен на Тајван и демократијата во таа земја, Кина објави дека спроведува „борбени вежби „недалеку од Тајван.
Официјален Тајпеј во неколку наврати се пожалил на кинеското воено присуство и спроведувањето на воени вежби, за време на кои кинеските воени авиони често нелегално влегувале во воздушниот простор на Тајван, според Ројтерс.
Последниот ваков случај се случил во понеделникот, кога вкупно 25 кинески борбени авиони, вклучително и бомбардери способни да носат нуклеарни бомби, влегле во зоната за противвоздушна одбрана на Тајван, пренесува агенцијата.
Претставникот на Канцеларијата за Тајван на Кинескиот национален совет, Ма Џиаогуанг, изјавил дека воените маневри на кинеската армија претставуваат одговор на провокациите и мешањето на странските вооружени сили во Тајван.
Foto: EPA