18 Мај, 2024
0.0274

Кина произведува најмногу електронски цигари, а ги пуши најмалку

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Кога сопругата на Цио Лианг забременува, 30-годишниот трговец од Шангај ги менува конвенционалните цигари со електронски - практика , кој не е популарна во Кина , иако земјата е водечки производител на овој производ во светот , пишува Ројтерс . Електронските цигари биле измислени пред околу 10-тина години од кинески медицински истражувач , а земјата го задоволува речиси целото светско пребарување на производот. Пушењето им , познато уште како " испарување " , станува се повеќе популарно на глобално ниво, но претставува минимален  дел од бизнисот со цигари за 200 милијарди долари во Кина. Сега сепак се подобрата информираност на јавноста за опасностите од пушењето во комбинација со заострување на правилата за пушење на јавни места создава можност електронските цигари да влезат на најголемиот тутунски пазар во светот. " Бидејќи на повеќе места пушењето е забрането јас се почесто користам електронски цигари " , вели Цио. Откако започнал да го користи производот пред шест години поради здравствени причини , тој  почнал и свој бизнис со електронски цигари и го проширил. Во Кина електронските цигари се продаваат најмногу преку интернет, каде што државните регулативи околу производот се уште се слаби. Во земји како Сингапур и Бразил во моментов тие се забранети. Група кинески компании фокусирани околу јужниот град Шенжен, вклучувајќи Shenzhen Smoore Technology, FirstUnion Group, Shenzhen Seego Technology Co Ltd. и Ruyan Tech, произведуваат околу 95% од сите електронски цигари во светот. Некои аналитичари предвидуваат дека продажбата на електрони цигари ќе ги надмине оние на традиционалните во рамките на следните 10 години. Во САД помеѓу 2009 и 2012 година нивната продажба се зголемија за 115%, иако е можно во текот на оваа година тие да се зголемат со 240%. Има прогнози дека до 2017 г.глобалниот пазар на електронски цигари ќе се зголеми петкратно до 10 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?