27 Април, 2024
0.0251

Кина го гради највисокиот облакодер во светот

Објавено во: Стил 22 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Кина почна да го гради највисокиот облакодер во светот. „Sky City“ ќе доминира во градот Чангша, кој е административен центар на провинцијата Хунан. Зградата ќе достигне рекордни 835 метри - за речиси 7 метри е повисока од сегашната највисока градба во светот „Burj Khalifa“, која се наоѓа во Дубаи. „Sky City“ ќе има 208 ката во однос 160 за „Burj Khalifa“. Во облакодерот ќе има станови  над 4.000 семејства, продавници, ресторани, хотелска дел и дури и училиште, поликлиника и трговски центар. Изградбата ќе чини околу 858 милиони долари и се очекува да биде завршен за помалку од 10 месеци или до април 2014 година. Според последните податоци во Кина се наоѓаат четири од 10-те највисоки згради во светот. Следната година се очекува Шангај да ја заземе и титулата "највисока зграда во Азија", бидејќи високата 632 метри „Shanghai Tower“ се очекува да биде завршена до година.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти