16 Мај, 2024
0.0429

Кина го уверува светот да не се плаши со зголемениот воен буџет

Објавено во: Свет 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Кинескиот политички врв кој повеќе години е на власт си ја зацементира својата моќ најпрво со квалитетната економска програма, но сега апетитети се поголеми, па така мора да се мисли повеќе и на надворешната политка и военото присуство. За прв пат по подолго време Кина го зголеми својот воен буџет кој веднаш од САД беше прочитан како загрижувачки знак, додека пак кинескиот државен врв тврди дека никој нема никакви причини да биде загрижен бидејќи Кина и натаму ќе води мирна надворешна политика. 

Кинеското Министерство за финансии соопшти дека оваа година воениот буџет е зголемен за шест проценти, односно дека изнесува 173 милијарди долари.

Буџетот е зголемен во однос на минатогодишниот за околу 10 милијарди долари, со што воениот буџет на Кина стана втор по големина буџет во светот, веднаш по буџетот на САД.

Заменик-министерот за надворешни работи на Кина, Џанг Јесуи, изјави во неделата дека „умерениот“ раст на потрошувачка на Кина за одбраната во последните неколку години има за цел да ги надомести пропустите од минатото, а кинеската војска нема да се заканува на никого.

„Последните години Кина умерено го зголемува трошокот на одбраната. Дел поради тоа што моравме да ги исправиме инвестициите од минатото, а повеќето отидоа на обнова на опрема и подобри материјални бенефиции за војниците. Кина отсекогаш била на патот на мирен развој и нема да се заканува на ниту една земја“, изјави Џанг.


Можеби ќе ве интересира

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?