Кина е сила број 1, еве зошто...
Објавено во: Економија, Свет 03 Декември, 2016
Кина поминува во нова фаза на развојот, при што евтината работна сила се заменува со скапа работна сила.
Купуваат компании надвор од Кина и претставуваат светски познати брендови.
Од сиромашен азиски џин, Кина стана втора економија во светот.
Пред неа засега е само САД, а до 2025 година таа може да биде и прва светска економија.
Покрај економски раст, таа е се помоќна воено и политички.
Иако кинеските производи го преплавија светот, по низа фактори Кина се движи напред и ќе стане број 1 во светот.
Кина се отвора кон странците и учи од нив. Кинезите се особено успешни во железничкиот сектор, а воедно се прилагодуваат и на странски пазари.