16 Мај, 2024
0.0266

Керим: Македонија – нова бизнис дестинација за Казахстан

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на ТУК при Сојуз на стопански комори, г. Аркан Керим во неколку дневна официјална посета на Казахстан.

Во рамки на посетата на Казахстан, претседателот на Туристичко – Угостителската Комора при ССК, Аркан Керим учествуваше на Меѓународниот саем за туризам во Казахстан кој се одржува во Меѓнародниот изложбен центар Атакент во градот Алмати каде оствари директни средби со ТУР оператори од повеќе држави. Дополнително, денеска беше реализирана презентација од страна на Аркан Керим за можностите за туризам и потенцијалите на Република Македонија како туристичка дестинација пред ТУР оператори од Казахстан. Имено, ваква презентација ќе се реализира и утре, во главниот град на Казахстан, Астана пред најголемите ТУР оператори.

Во фокусот на саемот е презентирање на производи за подобрување на можностите за туризам, туристички услуги и решенија, услуги за сместување и луксузни услуги, храна и хотел и други. На Меѓународниот саем за туризам се претставуваат светските водечки ресорти и нивното работење, како и добри практики за унапредување на угостителството и туризмот како една од носечките столбови на економијата на секоја држава.

Имено, за време на саемот се организираат и спроведуваат работилници и интерактивни форуми, кои се атрактивни и корисни за сите посетители. Исто така, за време на саемот, посетителите се информираат за нови решенија и технологии а воедно и за најдобрите туристички места во светот. Саемот е исто така идеална можност за воспоставување на деловни контакти и конкретна соработка

Сојуз на стопански комори во насока на застапување на интересите на своите членови, активно соработува со дипломатските претставништва на Република Македонија.

Во оваа насока, Сојуз на стопански комори остварува континуирана соработка со Амбасадата на Република Македонија во Казахстан, и Амбасадорот г. Илија Псалтиров. Како резултат на соработката на 03.05.2016  ќе се оствари посета на делегација на инвеститори од Казахстан, со кои Сојуз на стопански комори ќе оствари средба за идна соработка и унапредување на повеќе сектори од заеднички интерес на двете страни.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“