29 Април, 2024
0.0292

КЕЈТ БЛЕСНА ВО ЦРВЕН ФУСТАН - Божиќниот стајлинг на принцезата од Велс го воодушеви светот

Објавено во: Стил 13 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс се појави во свечен црвен фустан, во реклама за претстојниот втор божиќен специјал, „Заедно за Божиќ“ и ги освои симпатиите на британската јавност.

Нејзиното појавување во темноцрвен фустан со светки е вистинското олицетворение на божиќниот дух. Ја пушти косата да ѝ паѓа во меки бранови и изгледа исклучително елегантно.

„Придружете ни се овој празник во Вестминстерската опатија, полна со празнични песни и прекрасни изведби, додека го славиме она што го прави овој период од годината најдобар“, вели Кејт во рекламата, пренесува People.

На концертот на принцезата и принцот Вилијам ќе им се придружат и кралот Чарлс III и кралицата Камила. Минатиот месец Кејт побара помош од јавноста за одлучување за финалето на концертот, со тоа што направи анкета за да се одлучи за песните.

„Овогодинешната песна е посветена на кралицата Елизабета Втора и вредностите што Нејзиното Височество ги покажа во текот на нејзиниот живот, вклучувајќи должност, емпатија, верба, услуга, добрина, сочувство и поддршка за другите“, се додава во соопштението.


Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти