18 Мај, 2024
0.0299

Казни за Шарените, реновирана канцеларија за Иванов

Објавено во: Македонија 14 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Точно после една година откако беше демолирана, ќе се реновира Канцеларијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов во центарот на Скопје. Распишан е тендер, а проценетата вредност на градежните работи е 305.000 денари или 5.000 евра.

Канцеларијата на претседателот Иванов беше искршена на 13 април минатата година, еден ден откако тој прогласи аболиција на 56 лица. Тогаш почнаа протестите против помилувањата кои прераснаа во „Шарена револуција“, а работните простории на Иванов постојано беа мета на боење на демонстрантите.

Критичниот ден протестите беа најтензични, а за демолирањето на просториите имаше и привидени лица. По апсењето тие беа во куќен притвор, а потоа се појавија на судско рочиште како обвинети за учество во толпа. Дел од обвинетите добија парични казни и беа осудени условно, а за дел од нив судењето се уште е во тек.

Вештите лица од Бирото за судски вештачења утврдија дека висината на штетата причинета со демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов е 522.080денари или 8.500 евра, што беше за 5.000 евра помалку од проценката на Обвинителството. Или поточно, 3.780 евра за градежните работи и 4.700 евра за предметите кои биле оштетени или одземени од Канцеларијата. Толку пари судот задолжи двајца од обвинетите да платат за инвентарот и оштетениот објект на претседателската канцеларија.

Државното правобранителство, кое ги застапува интересите на државата, најпрво побара отштетно побарување од 880.000 денари, колку што Основното јавно обвинителство-Скопје процени дека е висината на штетата направена со демолирањето на Канцеларијата на Иванов. Но, судијката и одбраната уште на првото рочиште не ја прифатија оваа сума затоа што не беше поткрепена со вешт наод и мислење.

Канцеларијата на Иванов беше првиот објект кој беше ишаран во боите на Шарената револуција, во знак на револт против аболицијата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Народната канцеларија на претседателот Иванов повторно беше вратена во функција минатиот месец и е отворена за граѓаните.

Народната канцеларија во Скопје беше отворена на лична иницијатива на претседателот Иванов, во април 2010 година, како резултат на неговиот интерес за непосреден контакт со граѓаните и нивен конкретен придонес во градењето на успешни и функционални политики.

Ј.М.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8