Казнев тврди дека ЕУ нема да ја преживее Ле Пен
Објавено во: Свет 02 Мај, 2017
Францускиот премиер, Бернар Казнев во колумна во весникот Либерасион пишува дека Европската унија не би можела да ги преживее последиците од евентуалната победа на крајно десничарската и антиевропска кандидатка за претседател на Франција, Марин Ле Пен.
Тој смета дека Европската унија е ослабена по Брегзит и не би можела да издржи нов шок како доаѓањето на власт на отворено еврофобична влада во Франција.
Тој ги повика избирачите да го поддржат центристичкиот кандидат, Емануел Маркон во вториот круг од гласањето кое ќе се одржи на 7 мај.
И францускиот претседател Франсоа Оланд испрати слична порака откако Маркон и Ле Пен останаа единствените кандидати за претседател на Франција. Оланд е единствениот претседател на Франција, од Втората светска војна наваму што не бара реизбор.
Левичарскиот весник Либерасион најави дека денеска ќе издаде специјално издание на 16 страници против Нациооналниот фронт, партијата на Марин Ле Пен.