04 Мај, 2024
0.0240

КАТИМЕРИНИ: Победата на Меркел ја загрижи Атина

Објавено во: Балкан 26 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Грчкиот весник Катимерини пишува дека победата на Христијанско демократска унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, предизвика загриженост во Атина, затоа што политичките случувања во најбогатата земја на Европската унија би можеле да имаат влијание врз очекувањата на грчката левичарска Влада. 

Весникот пишува дека станува збор за голем број прашања, а не само за програмата за финансиска помош и надежите за олеснување на долгот. 

Весникот дознава дека претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, кој вчера беше во посета на Атина, рекол дека изборниот резултат во Германија нема да влијае на грчката програма.

Меѓутоа, Слободната демократска партија (ФДП). која освои 11% од гласовите и која се потенцира како можен коалициски партнер, според аналитичарите. изгледа дека не го дели истото мислење со Дејселблум, пишува весникот.

„Ставот на ФДП е јасен. Партијата во основа рече „не“ на Грција, за понатамошна интеграција на еврозоната, назначување министер за финансии на еврозоната и создавање на европски монетарен фонд“- изјави Томас Клајн-Брокхоф, потпретседател на тинк-тенкот Германски Маршал Фонд со седиште во Вашингтон.

Загриженоста на грчката Влада ја повторуваат и голем број аналитичари во земјата и странство, кои се плашат дека германскиот изборен резултат, според кој екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) стана трета најсилна партија во земјата со освоени 12,6% од гласовите, како и излевање на десничарските гласачи од ЦДУ, може да предизвика конзервативна негативна реакција. 

Според извори на весникот, тоа би можело да ја поттикне новата Влада во Берлин да заземе построг став за голем број прашања што директно влијаат врз Грција, вклучувајќи ги и миграциските и германско-турските односи.

Според весникот, финансиската помош не е единственото прашање што ја загрижува Атина, со оглед на тоа што поцврстиот став на Берлин за кризата со бегалците и мигрантите би можел да има директно влијание врз Грција, која го носи товарот на оваа криза од 2015 година.

Со оглед на тоа што Меркел сега има тешка задача да формира коалиција, аналитичарите веруваат дека ова би можело да доведе до продолжена фаза на тргување со други партии, на сметка на Атина, бидејќи во Грција постои силна убеденост оти без Влада во Германија , третиот преглед на третата финансиска помош за земјата нема да биде завршен во саканата временска рамка.

Меркел победи, но со послаб резултат од очекуваниот. Таа рече дека ќе го слушаат гласот на народот. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

ДЕНОТ КОГА ЛИЦАТА НА ЈУГОСЛОВЕНИТЕ БЕА ПОКРИЕНИ СО СОЛЗИ: Реченицата „Другарот Тито е мртов“ влезе во историјата

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот