27 Април, 2024
0.1638

„Катимерини“ анализира дека релациите меѓу Скопје и Софија создаваат пукнатина во НАТО

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Грчкиот весник „Катимерини“ ги анализира македонско - бугарските односи. 

„Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две нејзини земјичленки – Грција и Турција – веќе се длабоко поделени и сега се појавија уште две земји кои се во судир, поради полемика стара два века на етничка основа“, пишува Ставрос Цимас во коментар за „Катимерини“.

Според него, и Бугарија и Северна Македонија се клучни регионални членки на алијансата. Бугарија за нејзината улога како супервизор над Црното Море и јужна Русија и Северна Македонија како тампон против понатамошно руско ширење во срцето на Балканот. И двете земји многу силно го чувствуваат влијанието на американско-рускиот конфликт на влијание.

„Меѓутоа, НАТО се чини дека е нарушен од ривалството Софија-Скопје, сметајќи го за европско прашање што треба да го решат земјите членки на ЕУ. Приговорите на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ не произлегуваат од критериумите за пристап, како што е потребата за зајакнување на демократијата и сузбивање на корупцијата; наместо тоа, тие се поттикнуваат од историски тврдења што предизвикуваат национализам од обете страни и во одреден момент наскоро ќе имаат влијание врз НАТО, освен ако не се решат овие разлики.

Антибугарската треска се зголемува во Северна Македонија, со благослов на политичкото раководство и медиумите, а ставот на Скопје кон Софија станува поагресивен. Индикативно е отфрлањето на барањето на Софија да учествува во воздушното полициско работење на НАТО во Северна Македонија, како и повлекувањето на интересот за бугарската нуклеарна централа Белене, и одбирајќи место тоа да се поддржи проектот за природен гас во северното грчко пристаниште Александрополи. Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори на пролет, а политичкиот врв многу се занимава со националистичките чувства, обидувајќи се да формира нова балканска агенда инспирирана од Отоманската Империја и големите аспирации од 19 век, обвинувајќи ги своите балкански браќа дека се оддалечуваат од вистинскиот пат, се наведува во текстот. 

Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање, рече германската канцеларка Ангела Меркел на видеоконференција со европарламентарците. 

Земјава е во очекување на министерскиот совет на Унијата кој треба да се одржи на почетокот на овој месец но засега нема позитивни најави од Бугарија. Меркел сепак е оптимист иако вел

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“