КАСАМИ ЌЕ „ТРЧА“ ВО ШЕСТКАТА: БЕСА ги избра кандидатите за пратеници
Објавено во: Македонија 09 Март, 2020
Партиите привршуваат со изборот на кандидати за пратеници.
Доцна синоќа преку социјалните мрежи и движењето БЕСА ги откри имињата на кандидатите со кои ќе се трка на претстојните парламентарни избори во април.
Од таа партија која одржа Централно собрание во Тетово велат дека е изгласан списокот на кандидати за пратеници во изборни единици.
Имено, со најмногу кандидати БЕСА на изборите ќе трча во шестата изборна единица каде што е и Билал Касами. Покрај него се и Фадил Зендели, Хатије Етеми ,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи.
Во ќецот ќе трчаат двајца од БЕСА а тоа се Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Со исто толку ќе настапат и во двојката каде кандидати ќе бидат Бастри Бајрами и Шенаси Геладини.
Во петата изборна единица БЕСА оди со кандидатка Мелинда Рашиди.