03 Мај, 2024
0.0326

Картички за полесна комуникација на децата со аутизам

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

„Децата за деца“ е хуманитарната акција на Француското интернационално училиште преку која се обезбедија едукативни картички наменети за децата во Дневниот центар за деца со аутизам. Картичките се направени според PECS системот што овозможува олеснување на комуникацијата за децата кои имаат потешкотии со говорењето. На овој начин ќе може да ги искажат своите основи потреби.

 Dneven centar za deca so autizam_donacija

Le Rok_donacija_EFIS„Навистина сме среќни што имавме можност преку акцијата „Децата за децата“ да помогнеме на Дневниот центар за деца со аутизам. Со овие картички се надеваме дека ќе го олесниме секојдневието  децата до Центарот, но исто така ќе се обидеме и со други активности да бидеме активни. Поради тоа нашите ученици направија посебна изложба за своите другарчиња“ изјави Жан Франсоа Ле Рок, Претседател на Управниот одбор на училиштето.

Дневниот центар за деца со аутизам започна со работа пред две години, има капацитет за згрижување на 15 деца на возраст до 18 години. Во него се вклучува и вонинституционална заштита на децата и младинците со аутизам, како и развој на социјалните вештини преку преку едукативни работилници.

 

Stoilkovski_donacija_Dneven centar za deca so autizam„Би сакале да искажеме благодарност до училиштето. За нас секој донација и секоја идеја е добредојдена. Во овој свет на посебности важно е да се најде човечкото во секој нас и да се помогне. Поддршка ни е потребна, бидејќи сакаме да помогнеме на што повеќе деца кои се соочуваат со проблеми со социјална инклузија“ изјави Бојана Стоилковски, заменик координатор на Дневен центар за деца со аутизам.

Француското интернационално училиште и во иднина ќе организира хуманитарни настани да допринесе во општеството во која директно ќе ги вклучува учениците.

Donacija_decata za decata_EFIS

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија