14 Мај, 2024
0.0301

КАРАНТИНОТ ВЛИЈАЕ НА ПСИХАТА: Средовечните луѓе најчесто бараат помош од психијатрите

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Карантинот, коронакризата, стравот од ширењето на епидемијата, ги загрижува граѓаните кои се принудени да побараат стручна помош.

Ги мачи страв, паника, анксиозност. Драгана Георгиева Петковиќ, психијатар од Куманово вели дека луѓето се плашат, се јавуваат за совет и помош.

„Ги има од сите возрасти, но најзагрижени се луѓето во средни години. Се плашат да не се заразат, да не се зарази некој од семејството. Посебно загрижени се луѓето кои одат на работа.  Многу од луѓето се јавуваат по телефон или онлајн. Ги советувам да се ангажираат мисловно и работно, да практикуваат некаква активност, да се посветат на семејството, да изгледаат некој филм, да не следат вести за да не мислат на коронавирусот“, вели психијатарот.

Таа верува дека како што одминува времето, стравот кај населението ќе зема поголем замав.

Меѓу граѓаните има и такви кои се соочуваат со нарушен сон и апетит поради стравот од опасниот вирус.

Оливерa Трајковска, која е тренер за мотивација, објаснува дека изолацијата се надоврза на и онака брзото темпо на живот. Таа вели дека најпогодени се младите, затоа што им е ускратен активниот живот исполнет со дружење.

„Периодот на изолација и карантин уште повеќе стави акцент на трендот на отуѓување на луѓето проследен со депресија и низа психолошки нарушувања. Овој тренд веќе беше во прогрес со оглед на брзото темпо на живот како и зависноста од технологијата и социјалните мрежи. Помладата популација(адолесцентите ) како и децата сега се на најголем удар. Некому кој е полн со животна енергија да му ја одземеш социјалната интеракција и непосредниот контакт е навистина погубно и токму затоа кај нив во овој период имаме најмногу случаи на депресија и анксиозност. Секојдневие поминато во затворен простор без контакт со природата и своите врсници е повеќе од казна. Постојат повеќе методи за мотивација, но повторно ќе потенцирам самиот факт дека сте ограничени и изолирани и покрај  постојаната онлајн комуникација создава чувство на осаменост  и немоќ која акумулирајќи се полека води кон депресија. Да не бидеме песимистични, пандемијата и карантинот имаат и светла страна- можност да бидеме со семејството(квалитетно поминато време) кое навистина ни недостигаше! Препораките се: Немојте да ја прекинете врската со природата(неколкупати во денот излегувајте на балконите и во дворовите), слушајте музика, читајте, смејте се и верувајте и ова ќе помине!“, додава Трајковска.

За Велигден македонските граѓани поминаа цели 85 часа во карантин.

По завршување на празникот, останува на сила полицискиот час кој важи од 16 часот до 5 часот наутро следниот ден.

Олабавувањето на полицискиот час се очекува деновиве.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада