КАРАНТИН: 92 лица приведени, за други пријави
Објавено во: Македонија 20 Април, 2020
Полицијата приведе 92 лица во последното деноноќие, а на целата држава забраната за движење не ја почитувале 121 лице. За тие кои не се приведени ќе има пријави, соопштуваат од МВР.
Во текот на изминатиот ден, на територијата на Република Северна Македонија на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација.
МВР додава дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација.