Каракачанов тврди дека ќе биде предаден бугарскиот национален интерес и дека Бугарија ќе попушти за Македонија
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2021
Претседателот на ВМРО – БНД и поранешен бугарски министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во интервју за „Епицентар“, вели дека новата власт ќе потклекне под притисокот на САД и ќе дозволи Македонија да влезе во ЕУ.
За него, уште почудно е што ниту една од партиите застапени во парламентот не издаде соопштение, а молчат и новите таканаречени демократски протестни партии.
„Изненадувачки, нема реакција од никого – претседателот, кој влегува во изборната кампања и луѓето ќе сакаат да го слушнат неговиот став. И кога молчите – создавате чувство дека сте се помириле со овој притисок“, вели Каракачанов.
Тој заклучува дека се работи за „очигледно ‘соросоидни’ структури, кои имаат јасна намера да го предадат бугарскиот национален интерес со доаѓањето на власт“.