18 Мај, 2024
0.0303

Караџовски: Сценарио Ц, полициски час нема да се воведе сè додека не колабира здравствениот систем

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Жарко Караџовски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче, нагласи дека и покрај лошата епшидемиолошка состојба во земјава засега нема да биде имплементирана најтешката мерка, односно Сенарио-Ц, кое подразбира водедување полициски час. 

-Здравствениот систем опстојува, кадарот работи со натчовечки напори, ги зголемуваме болничките капацитети и отвораме дополнителни лабортатории за правење ПЦР тестови, а за некој ден ќе почне употребата и на брзите тестови. Ако ме прашувате дали имаме некоја граница кога треба да воведеме полициски час, јас еве велам, само ако колабира здравствениот систем, истакна Караџовски. 

Истовремено тој нагласи дека непобитен факт е дека во земјава нема епидемиолози, додавајќи дека во Институтот за јавно здравје има само шест, а во скопскиот Центар за јавно здравје има пет доктори епидемиолози. Со ова, Караџовски потврди дека нашиот здравствен систем не е димензиониран за пандемиски размени на одредена болест.

-Но, и покрај ова, ние се уште опстојуваме, се работи во две смени. Но, тука сакам да нагласам дека се има своја мерка. Не е спорно дека ќе направиме место за пациентите во болниците, има доволно лекови, има апаратура. Спорно е само кога ќе паднат здравствените работници. Ние немаме нов тим од 500 доктори и медицински сестри па да ги заменат досегашните. Ова е заедничка борба и ако никој не не слуша се е за џабе. Мерките што ги предложивме се одлични, единствено јас би сакал да бидат многу постоги мерките во делот на казнувањето, рече Караџовски.

Министерот Филипче очекува во текот на утрешниот ден во Собранието пратениците да ги усвојат измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението за заразниу болрсти, со кои ќе стапат на сила мерките од првиот пакет, односно задолжително носење маски и на отворено, забрана за групирање на повеќе од четворица на јавни места, како и забрана за големи семејни собири. 

-Очекувам од опозицијата свесност и одговорност со цел Законот да биде донесен, бидејќи навистина сметаме дека мерките ќе ја редуцираат трансмисијата на корона вирусот. Ова е и еден апел заеднички да придонесеме за да стивне епидемијата во нашава земја, рече министерот Филипче.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување