Добивај вести на Viber
Најголемото капучино во светот кое се вика „Давиано“ и има 2.350 литри вчера е направено во салонот Рекс во Римини.
Капучиното е подготвно од екипата на „Нипфуд“ (Nipfood) и официјално влезе во Гинисовата книга на светски рекорди.
За него беше изработена и специјална шолја висока 1,5 метри и широка 1,80 метри.
„Давиано“ беше направено од интегрално млеко, 417 литри кафе, а пет мажи го подготвуваа 9,5 часа. Од него можат да се направат 16.000 капучина.
Претходниот рекорд беше постигат на 4. септември минатата година во Загабрија, Италија и изнесуваше 2.012 литри.