14 Мај, 2024
0.0272

Капитол мол ќе го прослави првиот роденден со бројни подароци за своите потрошувачи

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Не бидете изненадени доколку во текот на утрешниот ден забележете мали впечатливи покани, во форма на “купон-подарок”. Капитол мол го најавува првиот роденден на 12 декември, и притоа информира за бројните подароци и попусти кои ќе бидат овозможени. Сé што треба да се направи е на поканата да се напише денот на вашиот роденден, да се заокружи омилениот бренд во Капитол мол од каде сакате да добиете попуст или подарок и да дојдете во Капитол мол во месец декември. Купон-подарокот оставете го во големата кутијата-подарок која ќе биде поставена во централниот хол во Капитол мол и на денот на вашиот роденден, оваа или следната година, да дојдете во Капитол мол за да го реализирате купонот. „Го славиме првиот роденден, а истовремено сакаме и да им се заблагодариме на сите граѓаните кои изминатава година нé посетија и затоа подготвивме и подароци за нивните родендени. На 12 декември, во петок и официјално означуваме една година од отворањето на трговскиот центар Капитол мол со концерт на Eye Cue, но нашата прослава ќе продолжи и во сабота со концерт на Сара Мејс и Тони Зен, како и во недела со театарска детска претстава. Се надеваме дека сите заедно ќе уживаме, а подароци и поволности ќе има во текот на целата година“, изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол мол. Изборот во Капитол мол е огромен. Купоните за роденден може да се искористат во продавниците за: мода, спорт и модни додатоци детските продавници, рестораните за храна, парфимерии и дрогерии, потоа во центарот за куглање и билијард 4Боулинг, во детската игротека Кидс Парк и други локали кои се дел од Капитол мол. Print

Можеби ќе ве интересира

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава