04 Мај, 2024
0.0269

Кампањата Јас внимавам предупредува-со прилагодена брзина на патот до побезбедни сообраќајници

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

„Возам според брзината пропишана на сообраќајните знаци на патот“ е темата на која овој месец кампањата за зголемување на безбедноста во сообраќајот „Јас внимавам“ ги насочува своите активности. Кампањата Јас внимавам, иницирана од компанијата ОКТА, со поддршка на Министерството за внатрешни работи, се осврнува на овој проблем затоа што претставува најчеста причина за незгоди на патиштата. Според податоците од МВР, во 2016 година се случиле 820 незгоди со потешки последици заради возење со брзина поголема од дозволената и неприлагодена на условите на патот. За апелирање и зголемување на свесноста за почитување на ова правило беа спроведени редовни контроли на возилата на автопатот во правец од Скопје кон Тетово, со што совесните возачи кои беа сопирани по случаен избор и каде што беше констатирано возење со соодветна брзина, беа наградувани со вредносни ваучери за гориво од ОКТА.


„Неприлагодената брзина на условите на патот и возење со поголема брзина од дозволената е највисоко на скалата на причини за случување сообраќајни незгоди. Незгодите предизвикани од прекршување на ова сообраќајно правило, не само што отскокнуваат, туку и постојано, од година во година се зголемуваат, што е навистина загрижувачко.Уште позагрижувачко е дека со тоа расте и бројот на жртвите. Затоа, неопходно е да се вложат сите напори, да се апелира и да се влијае на свеста дека со секое зголемување на брзината, некој се доведува во опасност“, изјавија од МРВ.

Овој месец кампањата поддршка доби од Сашко Коцев, кој во наредниот период ќе ги промовира активностите на кампањата и со тоа ќе влијае врз поголема безбедност во сообраќајот.

„Има многу причини зошто да се поддржи оваа кампања - апелира, едуцира, донира, но само една е доволно силна за сите да нè освести дека ако возиме побрзо нема да стигнеме порано, а тоа значи дека не постои ни една причина за да возиме над дозволената брзина. Кампањата Јас внимавам и активностите нè потсетуваат дека секој пат кога ќе го стартуваме нашето возило, треба да знаеме дека ако ние сме 100% сигурни во управување со возилото, надвор по сообраќајниците се нашите деца, родители, пријатели, кои можеби и не се толку сигурни и ние ја носиме одговорноста и за нивната безбедност. Затоа, секогаш помислете на тоа, возете според брзината на патот, возете безбедно и внимавајте“, изјави Сашко Коцев.


Кампањата Јас внимавам веќе шест месеци спроведува разни активности со кои придонесува за поголема безбедност во сообраќајот со осврт на најчесто прекршуваните правила и прописи како што се - да не вози под дејство на алкохол, задолжително користење заштитен појас, велосипедистите да возат на обележана велосипедска патека, мотоциклистите да носат заштитен шлем и да се вози одморен. Паралелно со активностите насочени кон возрасните учесници во сообраќајот, кампањата спроведува соодветни активности и за најмладите преку нивна едукацијаи донација на сообраќајни полигони од страна на компанијата ОКТА во повеќе основни училишта ширум земјава. Заради својата важност и сеопфатност на проблемот, досега кампањата доби и широка поддршка од поголем број јавни личности.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија