14 Мај, 2024
0.0252

Кампањата Јас внимавам порачува: За поголема безбедност на децата користете соодветно седиште во автомобилот

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Безбедноста на децата пред сè и задолжително возење на детето во детско седиште за автомобил, се пораките што ги испраќа кампањата Јас внимавам и под чија закрила ќе ги спроведува месечните активности. И овој пат компанијата ОКТА заедно со претставници од Министерството за внатрешни работи, спроведуваа контрола на возилата по случаен избор и соодветно ги наградуваа совесните возачи со вредносни ваучери за гориво од ОКТА. Својата поддршка за активностите на кампањата како јавна личност, родител, новинар, ТВ водител и возач овој пат ја даде Живкица Каленикова. Таа лично се заложи за оваа порака да стигне до што повеќе родители и што повеќе граѓани да ги прифатат советите на кампањата.


За да се заштити детето не треба да постои правило или обврска, но секојдневното натпреварување со обврските ни наметнува темпо каде што неколку минути за да се смести детето во соодветно седиште, ни изгледаат многу, па го превидуваме тој најважен момент од вклучувањето во сообраќајот – безбедноста на децата. Треба да нè освести податокот дека употребата на детско седиште дури за 35 отсто го намалува ризикот од несакани, фатални последици. Оваа кампања токму тоа го прави, како гласот на разумот ни кажува дека тие неколку мига се најважните и одлучувачки за безбедноста на детето додека е во автомобил. Затоа гледам на оваа кампања како значаен и корисен канал на комуникација што нè учи, нè освестува и нè потсетува за нашата и безбедноста на сите околу нас како учесници во сообраќајот“, изјави Живкица Каленикова.


Кампањата за подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот Јас внимавам, е создадена од ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи. Со своите активности започна на почетокот на годината и со месечните активности, тематски поврзани за некое од најчесто прекршуваните сообраќајни правила и прописи влијае на подигнување на јавната свест за подобрување на состојбата. 


Активностите се насочени кон поттикнување на свесност и одговорност во сообраќајот, за возрасните учесници, а за младите едукација за основните сообраќајни правила и како да се движат безбедно. 


Досега кампањата во дванаесет основни училишта низ државата донираше сообраќајни полигони, како и боенки на тема основни сообраќајни правила за децата и изведуваше театарска претстава што претставува симулација на сообраќајни ситуации. Покрај се поголемата поддршка од јавните личности, Јас внимавам на ОКТА ја доби и наградата за најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата вложување во заедницата кај големите компании.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН