26 Април, 2024
0.0304

КАМПАЊА, ПРОВОКАЦИЈА ИЛИ НАДЕЖ - Ахмети и ДУИ бараат обединување за Албанец премиер

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Добивање на предизборни поени кај гласачите со објави за кои знае дека не се реални, или конкретна кампања за која верува дека може да се оствари.

Првиот човек на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска со нови објави на социјалните мрежи. Во нив се емитуваат видеа, со кои се бара обединување на Албанците околу идејата премиер на земјава да стане припадник на албанската етничка заедница. 

Време е драги пријатели, да ни се придружите затоа што кога сме заедно, сè е можно, како што бевме заедно од војната на ОВК, до изборот на албанскиот претседател на Собранието, членство во НАТО и преговорите со Европската Унија“, се вели во објавите.

Овие објави на фејсбук ги има и од други функционери на ДУИ, на пример вицепремиерот Бујар Османи уште утрово почна да објавува вакви видеа на фејсбук, кои гласат на албански јазик. 

Видеото на Ахмети е објавено на Твитер и Фејсбук, на албански јазик, без превод на македонски.

Ахмети вчера порача дека е време Македонија да го добие првиот премиер Албанец, по што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш му одговори дека доколку премиер Албанец е услов за идна владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот