Каменос тврди две земји ќе влијаат Договорот од Преспа да не се применува
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2019
Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос смета дека Русите во Обединети нации ќе го блокираат Договорот од Преспа, а смета дека тука се и Бугарите.
„Ако премиерот Алексис Ципрас ги задржи во владата функционерите од партијата Независни Грци/АНЕЛ и по нејзината реконструкција, тогаш ќе имаме војна“, изјави лидерот на партијата – Панос Каменос во интервју на грчката телевизија „SKAI“.
Toj e гневен што владата на Ципрас се обидува да ја раскине неговата парламентарна група,
нудејќи им министерски места на пратениците Кунтура и Кокалис кои Каменос ги исклучи од
партијата откако ја изразија својата поддршка за владата на Ципрас.
Каменос вели дека грчката влада немала мандат да го потпише овој договор, но и е уверен дека Договорот
никогаш нема да биде применет. Според него, тој ќе биде „замрзнат“ бидејќи Русија ќе го
отвори тоа прашање во Советот за безбедност на Обединетите Нации.
Каменос исто така е уверен и во помошта од Бугарија. Вели дека Бугарите нема да прифатат постоење на македонски јазик.