26 Април, 2024
0.0292

Камчев за Фактор: Поднесов барање за нов времен пасош, не планирам да бегам, ќе докажам дека заради рекет ми е конструиран случај

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Бизнисменот Јордан Камчев на кого денеска му истекува времената патна исправа, веќе аплицирал за нова, потврдува за Фактор. До Јавното обвинителство заедно со барањето за издавање на нова патна исправа вели дека доставил докази и документи кои ги потврдуваат сите следни  негови состаноци кои треба да се одржат надвор од државата. Впрочем со истите докази и потврди беше одобрен и првиот времен пасош. Правните застапници навеле дека се работи за службени средби на кои е неопходно да присуствува и самиот Камчев кој е претседател на Управниот Одбор на Аџибадем Систина и на Орка Холдинг и член на Управниот Одбор на Аџибадем Сити Клиник во Бугарија. Камчев вели дека не планира да бега од државата, дека не сторил ниту едно кривично дело и дека тоа ќе докаже дека заради рекет му е конструиран случај. Во последните 6 месеци, земјата ја напуштал, вели, повеќе од 50 пати и повтoрно се враќал назад.

Камчев до синоќа беше на службен состанок во Аџибадем во Истанбул, но сега веќе е во Скопје.

Синоќа Камчев рече дека поднел барање за нова времена патна исправа.

„Точно е дека поднесов барање за продолжување на мојата патна исправа, иако морам да нагласам дека и самото одземање на мојот пасош беше мерка, која произлезе од правно искреирана постапка за мое заплашување и рекетирање. Колку е контаминирана самата постапка се докажа и со приведувањето на Специјалната јавна обвинителка која беше одговорна за предметот. Сепак, јас ги почитувам нашите институции и верувам во нив и затоа почитувајќи ги законските прописи, поднесов барање за продолжување на патната исправа, вели Камчев.

Стои на тврдењето дека не сторил кривично дело и дека тоа тврдење ќе се докаже и во процесот за кој смета дека бил монтиран од самиот почеток па резултирал со истрага од Обвинителството за гонење на криминал дека самиот бил рекетиран.

„Имав храброст да и го соопштам тоа на јавноста која ја заслужува вистината,  не сакав да кријам бидејќи сметам дека апсолутно Република Македонија треба да се движи напред, да биде во чекор со европските вредности и европските правила на игра. Со самиот факт дека со времениот пасош кој го имав досега преку 50 пати сум ја напуштил државата и сум се вратил во Република Македонија, сметам дека апсолутно не се доведува во прашање моето враќање, затоа што немам ниту намера, ниту желба да ја напуштам земјата. Токму спротивното, имам намера да докажам дека немам сторено ништо против законите на оваа држава и како лојален граѓанин и чесен бизнисмен да го оправдам мојот углед пред судовите и пред обвинителството во Република Македонија“, вели Камчев.

Вели дека води компании кои вработуваат повеќе од 2.700 луѓе во земјата и кои претставуваат значаен субјект во македонската економија и во буџетот. Тврди дека само во првото полугодие годинава од сите нив уплатени се 14 милиони евра по основ на сите даноци во македонскиот буџет.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот