18 Мај, 2024
0.0321

Какво време ќе имаме пред и за Велигден?

Објавено во: Македонија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Во Македонија денеска ќе имаме претежно сончево време со појава на локална облачност, топло и ветровито време. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Минималните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе бележат тренд на благо опаѓање ќе достигнат до 13 односно до 23 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. 

Во четврток  ќе имаме претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневни температури од 17 до 26 степени. Претежно сончево време со локална облачност се очекува и во петок со идентични температури кои ќе се движат од 17 до 26 степени, со напомена дека во попладневните часови во североисточните и источните предели на Македонија постојат услови за локални врнежи од дожд. Во сабота и недела претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а максималните дневни во сабота од 17 до 26 степени, а во недела ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 15 односно до 24 степени. Во недела во западните како и во североисточните и источните предели постојат услови за поинтензивни врнежи, локално и до 15 литри. 

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?