Какво унапредување доби Кадиров од Путин?
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2022
Рускиот претседател Владимир Путин го унапреди чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
Кадиров од денеска има чин генерал-полковник. Кадиров веста ја објави на својот официјален канал на Телеграм.
Кадиров кого често го нарекуваат „бесниот пес на Путин“, изјави дека ова е голема чест за него.
„Ветувам дека ќе ја оправдам однапред укажаната доверба“, напиша Кадиров.
Инаку, тој се пофали дека неговите борци на промашуваат. Неодамна Кадиров ја повика Москва да употреби нуклеарно оружје со мала моќност во Украина, по падот Лиман, но од Кремљ му порачаа дека сега не е време за емоции. Кадиров најави дека неговите малолетни синови ќе војуваат во Украина. Од почетокот на руската инвазија на Украина, од 24 февруари наваму, Кадиров се фалеше дека неговите одреди можат да ја поразат Украина. Украинските власти него и други Чеченци ги товарат за извршени воени злосторства.