Добивај вести на Viber
Според договорот за Антарктикот, на Антарктикот е забранета војна и рударска активност . Овој ненаселен континент на Земјата е зачуван за научни истражувања од животнискиот свет, од пингвини до фоки.
Во написот објавен во списанието "Nature Communications" , тим од австралиски истражувачи, наведуваат дека ,во источниот Антарктик откриле кимберлит , ретка магматска карпа именувана по јужноафрикансkата област Кимберли од каде што за прв пат е експлоатиран дијамантот.
„Ова е вистиски доказ за постоењето на kимберлит на дното на Антарктикот‘‘ наведуваат научниците , истакнувајки дека до откритието дошле во планините на Принц Чарлс.
Како што пренесува Ројтерс , во текот на дозволеното геолошко истражување не е пронајден ниеден дијамант. Кимберлитот, карпа од вулканско потекло , која се наоѓа под површината на земјата , до сега е пронајден на сите континенти.
Оваа карпа е и потврда за раздвојување на континентот. Областа на источниот Антарктик некогаш била дел од суперконтинентот Гондван , кој ги вклучувал Африка, Јужна Америка, Австралија и Индија.
Многу минерали , вклучувајки ја и платината , златото ,железото и јагленот , претходно се пронајдени на Антарктикот.